Новото обвинение од 12 точки против основачот на берзата за криптовалути „ФТХ“, Сем Банкмен-Фрид, беше објавено денеска во Федералниот суд на Менхетен, објави Ројтерс.
Претходно тој беше обвинет за осум кривични дела, меѓу другото, за измама, закани, перење пари и за колапс на една од најголемите берзи за криптовалути во светот.Тој, пак, се изјасни дека не е виновен.
Сем Банкмен Фрид беше уапсен на крајот на минатата година по наредба на американските обвинители.
Триесетгодишниот милијардер ја основаше берзата „ФТХ“ на Бахамите во 2019 година, а во ноември лани поднесе барање за стечај откако трговците со криптовалути за само 72 часа повлекоа шест милијарди долари.
Дополнително беше утврдено дека Банкмен Фрид тајно користел 10 милијарди долари од средствата на клиентите за да го одржи својот сопствен трговски бизнис.
(Фото: АП / Сет Вениг)







