Времето денеска ќе биде променливо облачно со појава на слаб локален дожд претежно претпладне во источните делови, најавува УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб ветер од јужен правец
Максиммалната температура ќе се движи во интервал меѓу 11 и 17 степени Целзиусови.
Утринава најстудено беше во Берово каде што беа измерени три степени под нулата. Мунусни температури имаше во Маврово, Битола и Струмица (-2) и во во Демир Капија (-1). Нула степени беше во Тетово и Штип, 1 во Гевгелија, Претор, Охрид, Прилеп и на Попова Шапка, 2 степени во Скопје и Крива Паланка, 4 во Виница и 5 во Дојран и Крушево.
За утре, синоптичарите најавува променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло време. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, кој долж Повардарието и особено во западните делови повремено ќе засилува.







