Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ТОТАЛЕН ХАОС ВО ФРАНЦИЈА: Париз изгледа како воена зона
Во Фокусот

ТОТАЛЕН ХАОС ВО ФРАНЦИЈА: Париз изгледа како воена зона

март 24, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На деветтиот ден од штрајковите и демонстрациите против пензиската реформа, полицијата употреби солзавец за да ги растера анархистите меѓу претежно мирните демонстранти, од кои 3,5 милиони низ Франција според организаторот или 1,8 милиони според полицијата, а нова мобилизација е најавена за вторник.

Денот помина во блокади на железнички станици, патишта и дел од парискиот аеродром Шарл де Гол.

Меѓу демонстрантите имаше наставници и други професии кои ја прекинаа работата за да го искажат својот гнев на улиците, затоа што владата ја истурка својата реформа за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Во централниот дел на Париз протестите главно биле мирни, пишува агенцијата Ројтерс, но помали групи анархисти наречени „Блек блок“ кршеле излози, уништувале уличен инвентар и демолирале ресторан на „Мекдоналдс“.

Судирите се развиле кога полицијата реагирала со солзавец. ТВ „БФМ“ цитира полициски извор кој вели дека се приведени 21 лице.

Собирите станаа тензични и во други градови како Бордо, Нант и Рен, јавуваат француските медиуми.

Според синдикатот „ЦГТ“, вчера на улиците излегле 3,5 милиони демонстранти низ цела Франција. Полицијата, пак, тврди дека имало 1,8 милиони луѓе.

Во самиот Париз, според „ЦГТ“, имало 800.000 демонстранти, додека министерството ја наведува бројката од 119.000.

На терен се околу 12.000 полицајци, пишува агенцијата ДПА.

Протестите и штрајковите со недели беа главно мирни, но последниве денови драстично се зголеми бројот на насилни судири.

„Сакаме ненасилни акции кои ги почитуваат имотите и луѓето“, рече Лоран Бергер од синдикатот „ЦФДТ“ во обид да ја смири ситуацијата.

Французите протестираат против постепеното зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, како и општо против владата на претседателот Емануел Макрон.

Протестите против пензиската реформа, за која владата вели дека треба да спречи финансиска дупка во пензиските фондови, не запираат.

Спорот се интензивираше минатата недела кога владата го протурка предлог-законот во Народното собрание без гласање.

Во понеделникот вечерта пропаднаа двете барања за гласање недоверба на Владата, по што реформата беше усвоена.

Таа одлука сега ја разгледува Уставниот суд, но не е одреден рок до кога треба да биде донесена пресуда.

Макрон сака реформата да стапи на сила до крајот на годината.

„Реформата е многу тешка. Бараме од луѓето да се потрудат. Тоа никогаш не е популарно.“, рече претседателот во телевизиско интервју еден ден претходно.

„Но, меѓу анкетите и краткорочното планирање и општиот интерес на земјата, тој го избра општиот интерес на земјата“, истакна тој, бранејќи ја реформата.

Поради штрајкот вчера повторно беа откажани возовите и летовите, а средните училишта и универзитетите се делумно блокирани.

Блокадата на складиштето за нафта која е во тек резултираше со немање на најмалку еден вид гориво на 15 отсто од бензинските пумпи во земјата, јавува телевизиската станица БФМ.

Вчера синдикатите повикаа на десетти ден мобилизација, што ќе се одржи во вторник, со штрајкови и протести.

„Додека извршната власт се обидува да ја сврти страницата, ова постојано социјално и синдикално движење ја потврдува одлучноста на светот за работата и младите луѓе да се изборат за повлекување на реформите“, велат тие.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: АФП / Ана Курт)

актуелно Париз протест реформа Франција штрајк
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.