Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Откриен најстариот „град на бисери“ во Персискиот Залив
Автор

Откриен најстариот „град на бисери“ во Персискиот Залив

март 28, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 Група археолози од Обединетите Арапски Емирати тврдат дека го пронашле засега најстариот откриен „град на бисери“ во тоа поднебје. Тој се наоѓа во Персискиот Залив, на островот Синија, источно од емиратот Ум ал-Кувејн.

Наодите на археолозите откриваат дека градот е една од „најголемите зачувани урбанизирани населби некогаш пронајдени“ во она што денес е ОАЕ, и се верува дека во него биле сместени илјадници жители, од кои многумина се потпирале на занаетите со бисери. Куќите на заедницата биле изградени од камења и материјали од околината, а покривите им биле направени од стебла од палми. Градот од 12 хектари постоел меѓу доцниот 6. и средината на 8. век – пред исламската цивилизација, соопшти Одделот за туризам и археологија.

Иако се знае дека постоеле и други „бисерни населби“ во оваа област, новооткриената е особено уникатна, според Тимоти Пауер, вонреден професор по Археологија на Универзитетот во ОАЕ, кој беше во тимот што ги откри наодите.

Foto: Umm al-Quwain Department of Tourism and Archeology

– Оваа населба е единствена не само поради староста и големината на заедницата, туку и поради тоа што не била сезонска – работела цела година. Ова е различен редослед на населби, ова е вистински град… Заедницата била густо населена со низа типови на домување и вклучувала различни социо-економски групи, изјави Пауер.

Жителите на градот веројатно биле христијани, бидејќи тој се наоѓа во близина на древен христијански манастир откриен лани.

Foto: Umm al-Quwain Department of Tourism and Archeology

– Од историските записи знаеме дека во тој период имало и други важни пазари за бисери. Во екот на пазарот на бисери, огромен број луѓе биле вклучени во оваа дејност, додаде Пауер.

Бисерот бил клучна суровина и занает за новооткриениот град. Практиката на ископ на скапоцениот материјал, којашто вклучувала и нуркачи за вадење бисери од школки пронајдени во морињата и езерата, е дел од наследството на областа повеќе од 7.000 години, според Одделот за туризам Ум ал-Кувеин.

Во соседниот Абу Даби, на пр. и илјадалетие подоцна речиси две третини од машкото население се занимавало со ископ на бисери.

 

 

ИЗВОР: МИА

Фото: Оддел за туризам и археологија на Ум ал-Кувејн.

бисери откриен Персиски залив Рад
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Метеоролошката служба на Велика Британија предупреди дека феноменот Ел Нињо веројатно ќе биде најсилниот во поновата историја

август 27, 2026

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година

мај 26, 2026

Италија е најдобрата туристичка дестинација за „соло“ патувања во 2026 година

мај 11, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.