Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
  • Мицкоски: Имам мандат уште 13 месеци
  • ЈП „Паркови и зеленило“: Не паркирајте под дрва, нѐ очекува силен ветер
  • Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » КАРАМБОЛ ВО СУДСКИОТ СОВЕТ: Разрешена претседателката Дамева
Македонија

КАРАМБОЛ ВО СУДСКИОТ СОВЕТ: Разрешена претседателката Дамева

април 26, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Седум члена на Судскиот совет, предводени од заменик-претседателот Селим Адеми, гласаа „за“ разрешување на актуелната претседателка Весна Дамева.

По неколку часа караници на денешната седница, Адеми сам го стави предлогот на гласање.

„Од причина што претседателката нема смелост да го стави на гласање, јас предлагам мојот предлог да биде на гласање со кревање рака. Кој е за разрешување на претседателката Весна Дамева да крене раце“, рече Адеми.

Додека се броеја гласовите, Дамева порача: „Јас не учествувам во ова, одлуката нема да ја потпишам“.

Адеми потоа рече дека актуелната претседателка е разрешена и веќе не може да раководи со седницата, па за утре во 11 часот закажа нова на која ќе се избере нов претседател.

Дамева, пак, рече дека ова е противзаконски и додаде некои лица од политиката ќе бидат задоволни.

„Благодарам многу, ме спасивте, ако е тоа последното, бидејќи ова одлука ќе биде противзаконска, но очигледно треба да бидат исполнети некои желби. Одлука донесена на ваков начин во присуство на претседател на Судски совет со гласање од седум гласа каде што нема ниту предвидено основа за разрешување на претседател, а особено нема и број на гласови со кои се носи одлуката, заменик-претседател си зема за право да констатира престанок на функцијата претседател на Судски совет со што го одзема мандатот. Јас навистина не знам ова како ќе заврши освен што одредени лица од политиката ќе бидат и тоа како задоволни ако во успеат ова. Јас не се откажувам, битката продолжува и многу работи може да бидат уште полоши“, рече Дамева, што може да се забележи во видеото кое го објави „Макфакс“.

Присутните новинари ја прашаа што ќе преземе сега, а таа одговори дека ќе види бидејќи ова што се случува е анархија и се плаши дека излегло од контрола.

Откако повторно спомена дека имало задолжителни напатствија денеска таа да биде разрешена, а новинарите ја прашаа кој е тој што го наредил таа, Дамева одговори:

„Не можам, искрено изненадена сум. Вакво недемократско однесување, ваква анархија јас не сум видела особено не од телото кое е највисоко на рангот на судската пирамида и од кое се очекува многу резултати. Токму поради тоа ни е довербата четири проценти“.

Пред да дојде до разрешување на Дамева, седницата се одвиваше во тензична атмосфера во која заменик-претседателот ја прозва дека го криела писмото од амбасадорката на САД, Анџела Агелер, од другите членови и обвини дека го блокирала изборот на судии во Апелација.

Дамева се бранеше дека била на одмор кога пристигнало писмото, обвини дека целта на некои членови е денеска таа да биде разрешена заради нечии интереси.

За тензијата во Судскиот совет во пресрет на денешната седница вчера пишуваше и порталот „Сакам да кажам“ во текст во кој наведе дека веќе една недела имало иницијатива за одговорност на апелацискиот судија Енвер Беџети за кого беше констатирано дека девет месеци го чувал предметот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“.

Пред неколку дена, според информациите од порталот, на колегиум во Судскиот совет иницијативата била блокирана од членови предводени од заменик-претседателот Селим Адеми и членот Миљазим Мустафа, кои барале место иницијативата да оди веднаш на седница и веднаш да се формира тричлена комисија, како за другите судии за кои досега се барало одговорност, таа времено да се стопира.

Судијата периодов беше и кандидат за врховен судија, но првиот обид за избор пропадна кога ниту тој ниту останатите кандидати не добија доволно гласови. Порталот пишува дека група членови на Советот предводени токму од Адеми, сепак, притискаат Беџети по секоја цена да стане врховен судија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Извор: „360 степени“)

актуелно апелација Весна Дамева македонија судија судски совет
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.