Експериментално кинеско вселенско летало се врати денеска на Земјата, откако во орбитата помина 276 дена, објавија кинеските државни медиуми, со што заврши мисијата за тестирање на вселенските технологии на земјата за повеќекратна употреба.
Леталото без екипаж се врати во лансирниот центар „Џиукван“ во северозападна Кина навреме, како што беше планирано, јавуваат медиумите.
Не се наведени детали за кое летало се работи, какви технологии биле тестирани, колку високо било во вселената и каде било орбитата од лансирањето на почетокот на август 2022 година.
„Тестот означува ‘важен напредок’ во истражувањето на Кина за технологијата за повеќекратно користење на вселенските летала што ќе обезбеди поудобен и поевтин начин за испраќање идни вселенски мисии“, се наведува во објавата.
Во 2021 година, нешто, што можеби беше слично вселенско летало, полета до работ на вселената и се врати на Земјата истиот ден, во мисија која, исто така, во голема мера беше чувана во тајност.
Тоа летало слета на Земјата „хоризонтално“, според главниот кинески изведувач во тоа време.
Коментаторите на кинеските социјални мрежи шпекулираат дека Пекинг развива вселенско летало како што е „Х-37Б“ на американските воено воздухопловство, автономен вселенски авион кој може да остане во орбитата со години.
„Х-37Б“, летало без екипаж и за повеќекратна употреба, се врати на Земјата минатиот ноември по својата шеста мисија, по повеќе од 900 дена минати во орбитата.
(Фото: Илустрација / Профимедиа)







