На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“, за влез и за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на се одвива по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.







