Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Германците ги избраа најдобрите автомобили за 2026 година

ноември 20, 2026

3 хороскопски знаци со кои е најтешко да се биде во врска: Тие имаат страв од обврзување и ја обожаваат својата слобода

ноември 20, 2026

УХМР со ново метео предупредување, невреме со силен ветер и врнежи од дожд се очекува во текот на ноќта и утре претпладне

ноември 20, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Германците ги избраа најдобрите автомобили за 2026 година
  • 3 хороскопски знаци со кои е најтешко да се биде во врска: Тие имаат страв од обврзување и ја обожаваат својата слобода
  • УХМР со ново метео предупредување, невреме со силен ветер и врнежи од дожд се очекува во текот на ноќта и утре претпладне
  • Црна Гора затвори уште две поглавја во преговорите со ЕУ
  • Макрон бара преиспитување на влезот на Украина во НАТО, Мерц е подготвен за разговори со Путин
  • Роберт Патинсон е новиот Џејмс Бонд
  • Овие хороскопски знаци ќе ги решат финансиски проблеми
  • Инстант лоз „Фрути“ – овошен спектар со сладок вкус на добивки
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Во Европа возните карти се до 30 пати поскапи од авионските
СВЕТ

Во Европа возните карти се до 30 пати поскапи од авионските

јули 28, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Еуроактив

Додека Европа страда од топлотен бран, а климатската криза се забрзува, многу патници поради загадувањето повеќе сакаат да патуваат со воз отколку со авион. Тие често се соочуваат со превисоки цени.

Патувањето со воз на долги релации во Европа може да чини речиси 30 пати повеќе од летање, покажуваат податоците од нов извештај. Извештајот, составен од групата за еколошка кампања Гринпис, ги споредува цените на летовите и билетите за воз на 112 европски линии на девет различни датуми.

Билетите за воз беа во просек двапати поскапи од летовите, додека патувањата со воз од Обединетото Кралство до Европа, кои вклучуваат одење со често скапиот Еуростар до континентот, во просек беа четири пати  повисоки од цената на авионските карти. Истото важи и за Шпанија, која има брза железничка мрежа со четири конкурентни марки. Летовите биле поевтини од возовите на 71 отсто од анализираните линии.

Имаше и шокантни поскапувања. Станува збор за патување во последен момент од Лондон до Барселона во мај, резервирано два дена пред патувањето, каде цената на возот беше 384 евра во споредба со 12,99 евра за лет на Рајанер, што го прави возот 29,6 пати поскап од авионот.

Лондон до Барселона е третата најпопуларна воздушна линија во Европа, со 3,36 милиони луѓе кои патуваа во 2019 година, според Гринпис, кој додава дека префрлањето на тие летови на железница ќе заштеди 461.000 тони стакленички гасови, што е еднакво на годишните емисии на повеќе од 300.000 автомобили.

„Зошто некој би одел со воз од Лондон до Барселона и би платил до 384 евра кога авионските билети се достапни за смешно ниската цена од 12,99 евра? Граѓаните заслужуваат да имаат пристап до чист, ефикасен и достапен транспортен систем кој не штети на климата, луѓето и нашата планета“, се вели во извештајот.

Каде е најскапото возење со воз?

Земјите со најскапи билети за воз во споредба со авионските билети се Велика Британија, Шпанија, Белгија, Франција и Италија. Во извештајот се вели дека возовите често се поевтини од летовите во централна и источна Европа, но времето на патување, врските, фреквенциите на возот и стандардите за услуги се „обично полоши отколку во западноевропските земји“. Некои железнички компании во Европа не продаваат билети повеќе од два или три месеци однапред, се вели во извештајот, давајќи им уште една предност на авиокомпаниите.

Стандардната цена на билет не е целосна слика. Буџетските авиокомпании наплаќаат за седење, чекиран багаж, па дури и патни торби во некои случаи, додека летањето вклучува трошоци за патување до аеродром надвор од градот.

Според Европската агенција за животна средина, авионите, кои се одговорни за околу 2,5 отсто од глобалното загадување на планетата, испуштаат во просек речиси пет пати повеќе стакленички гасови од возовите, а воздухопловството беше најбрзо растечки извор на емисии на стакленички гасови во Европа помеѓу 2009 и 2019 година, зголемувајќи се за 29 проценти во текот на деценијата.

Сепак, податоците на Гринпис покажуваат дека во 2019 година втора најпопуларна рута во Европа била Единбург до Лондон, патување што може да се реализира за околу четири и пол часа со воз, иако по двојно повисока цена.

Авиокомпаниите во ЕУ се ослободени од плаќање данок на керозин, додека железницата немаат слични ослободувања од извори на енергија. Лоби групата „Транспорт и животна средина“ за чист транспорт процени претходно овој месец дека владите на ЕУ губат 4 милиони евра на час од потенцијалните даноци за воздухопловство, вклучително и керозин, пишува Си-Ен-Ен.

Нискобуџетните авиокомпании оперираат на 79 отсто од 112 анализирани линии. Буџетските превозници често се фалат дека имаат понови флоти и авиони кои се помалку штетни за животната средина, но нивниот експоненцијален раст ги прави главен дел од проблематичната експанзија на авијацијата, изјави за Си-Ен-Ен минатата година Матео Мироло, службеник за воздухопловна политика во Transport & Environment.

Лорелеи Лимузен, активистка на на Гринпис за климатски промени во ЕУ, рече дека авиокомпаниите имаат „корист од неверојатните фискални предности“.

„Авионите загадуваат многу повеќе од возовите, па зошто луѓето се охрабруваат да летаат? Авионските билети од десет евра се можни само затоа што другите, како работниците и даночните обврзници, ја плаќаат вистинската цена. За доброто на планетата и луѓето, политичарите треба да дејствуваат за да ја сменат оваа ситуација и да го направат патувањето со воз подостапна опција, инаку ќе видиме уште повеќе и повеќе жештини во Италија, како во Грција, рече таа.

Групата ги повика владите на континентот да воведат долгорочни, достапни „климатски картички“ за јавниот превоз, вклучително и прекуграничниот. Тие сугерираат дека ова треба да се финансира со „постапно укинување на субвенциите на авиокомпаниите и праведен систем на оданочување заснован на емисиите на CO2“.

„Овој извештај уште еднаш нагласува како неоправданите даночни олеснувања им дозволуваат на авиокомпаниите да нудат апсурдно евтини авионски билети, додека железничките оператори треба да плаќаат висока цена за енергија и железнички патарини“, рече Виктор Тевен, железнички координатор во организацијата „Transport & Environment“.

„Владите мора да ги отстранат даночните ослободувања за авиокомпаниите, како што се даноците за гориво и ДДВ, како и да ги намалат железничките патарини. Секој час, европските влади губат четири милиони евра од даноци за воздухопловство кои би можеле да се реинвестираат во промовирање на поодржлив транспорт“, заклучи тој.

 

 

 

 

 

 

Извор: МИА

авионски актуелно возни Европа карти поскапувања
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Германците ги избраа најдобрите автомобили за 2026 година

ноември 20, 2026

3 хороскопски знаци со кои е најтешко да се биде во врска: Тие имаат страв од обврзување и ја обожаваат својата слобода

ноември 20, 2026

УХМР со ново метео предупредување, невреме со силен ветер и врнежи од дожд се очекува во текот на ноќта и утре претпладне

ноември 20, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.