Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Германците ги избраа најдобрите автомобили за 2026 година

ноември 20, 2026

3 хороскопски знаци со кои е најтешко да се биде во врска: Тие имаат страв од обврзување и ја обожаваат својата слобода

ноември 20, 2026

УХМР со ново метео предупредување, невреме со силен ветер и врнежи од дожд се очекува во текот на ноќта и утре претпладне

ноември 20, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Германците ги избраа најдобрите автомобили за 2026 година
  • 3 хороскопски знаци со кои е најтешко да се биде во врска: Тие имаат страв од обврзување и ја обожаваат својата слобода
  • УХМР со ново метео предупредување, невреме со силен ветер и врнежи од дожд се очекува во текот на ноќта и утре претпладне
  • Црна Гора затвори уште две поглавја во преговорите со ЕУ
  • Макрон бара преиспитување на влезот на Украина во НАТО, Мерц е подготвен за разговори со Путин
  • Роберт Патинсон е новиот Џејмс Бонд
  • Овие хороскопски знаци ќе ги решат финансиски проблеми
  • Инстант лоз „Фрути“ – овошен спектар со сладок вкус на добивки
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тренчевска: Задоволството на корисниците од услугата помош и нега во домот е најдобар доказ дека социјалната реформа е успешна
Македонија

Тренчевска: Задоволството на корисниците од услугата помош и нега во домот е најдобар доказ дека социјалната реформа е успешна

август 17, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска посети корисник на социјална услуга помош и нега во домот, на територијата на општина Карпош, за директно да се информира како се одвива имплементацијата на оваа услуга.

Оваа услуга, која е наменета за лица со навршени 65 години на кои им е потребна поддршка и грижа во домашни услови е дел од сеопфатната социјална реформа што ја имплементира Министерството на труд и социјална политика, со поддршка од Светска Банка, преку Проектот за подобрување на социјалните услуги.

„Ваквите посети на корисниците и директната комуникација со нив придонесуваат да стекнеме целосна слика за тоа колку како Влада и ресорно министерство сме успеале да ги согледаме вистинските потреби на луѓето и да креираме мерки и политики кои ќе овозможат поголема инклузивност, ќе бидат достапни за сите на кои им е неопходна поддршка и она што е најважното –  ќе го унапредат квалитетот на животот на луѓето. Од комуникацијата со овие наши сограѓани, кои преку оваа социјална услуга ја добиваат неопходната помош и нега во средината во која тие се чувствуваат најдобро, а тоа се нивните домови, можам да заклучам дека тие се задоволни од квалитетот на услугата, што за мене, а верувам и за сите кои се вклучени во синџирот на имплементацијата на услугата, е најважно“, изјави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Во оваа прилика таа искажа благодарност кон лицата кои секојдневно се грижат корисниците да ја добијат потребната поддршка, кон лиценцираните даватели на услугите, како и кон општините во кои се имплементираат овие услуги, за нивниот придонес во правилното и успешното функционирање на новиот децентрализиран систем на социјални услуги.

Конкретно, на територијата на општина Карпош, помош и нега во домот добиваат околу 60 корисници. Тие секојдневно, а најмногу до 80 часа месечно, добиваат помош при извршувањето на секојдневните активности – одржување на личната хигиена, облекување, хранење и примање на медицинската терапија, како и поддршка при чистење во домот, готвење, набавка на намирници и лекови. Оваа социјална услуга ја спроведуваат вкупно 20 обучени негувателки од „Нега Центар Карпош“ – давател на услуги што работи во состав на Црвениот крст–Скопје и поседува дозвола за вршење дејност од социјална заштита.

Во рамки на Компонента 1 од Проектот за подобрување на социјалните услуги досега се поддржани вкупно 34 проекти кои ќе овозможат давање на услуги во 41 општина. Најголем дел од овие проекти се наменети за помош и нега на стари, изнемоштени и лица со попреченост во нивните домови, а се обезбедуваат и дневни центри за стари лица, дневни центри за престој на лица и деца со попреченост и центри за рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост, како и услугата лична асистенција. За давање на овие услуги досега се обучени 300 лица кои обезбедуваат соодветни услуги за повеќе од 1200 корисници.

 

актуелно ДОМ корисници услуга тренческа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Германците ги избраа најдобрите автомобили за 2026 година

ноември 20, 2026

3 хороскопски знаци со кои е најтешко да се биде во врска: Тие имаат страв од обврзување и ја обожаваат својата слобода

ноември 20, 2026

УХМР со ново метео предупредување, невреме со силен ветер и врнежи од дожд се очекува во текот на ноќта и утре претпладне

ноември 20, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.