Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Човековите предци пред 900.000 години биле пред исчезнување
Автор

Човековите предци пред 900.000 години биле пред исчезнување

септември 6, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Научен труд објавен во академското списание „Сајенс“ (Science) наведува дека луѓето биле на работ на исчезнување пред околу 930.000 години. Со помош на нов метод на анализа, научниците тврдат дека предците на денешните луѓе преживеале во група од едвај 1.300 поединци.

Користејќи нова техника за анализа на генетски податоци, меѓународната група научници посочи дека човековите предци претрпеле сериозно „тесно грло“ околу опстанокот на населението. Оваа „криза“, којашто траела 120.000 години, резултирала со пад на бројот на хомо-сапиенс поединци кои имале деца, од околу 100.000 на 1.280 поединци. Ваков пад на населението би можел да значи крај на човештвото, се вели во трудот.

Иако претходните студии за човечката еволуција ги претпоставуваа ваквите падови на населението во ерата на плеистоценот, научниците имаа проблем да најдат доволно докази поради недостатокот на човечки фосили и археолошки наоди од тој период.

„Методот наречен ‘Фиткоул’ (FitCoal), е целосно нов и има точност од 95 отсто“, велат двајца од авторите на истражувањето, антропологот Фабио ди Винченцо од Универзитетот на Фиренца и палеонтологот Џорџо Манци од Универзитетот Сапиенца во Рим.

– Мораме да ја разгледаме генетската разновидност присутна во популациите каде што живееле предците на избраните индивидуи. Колку е помала генетската разновидност, толку е помала популацијата, појасни антропологот Селин Бон од Францускиот национален природонаучен музеј.

Со повторно следење и споредување на човечките генетски мутации, новиот аналитички метод им помогнал на научниците да дојдат до – „минималниот број плодни индивидуи потребни да се генерира целата генетска варијабилност забележана во следните поколенија“, според Ди Винченцо и Манци.

Но, проценката е дека тие 1.280 поединци, сепак, не го претставуваат целото население на човекови предци на Земјата во тоа време.

– Зборуваме само за репродукција на поединци, проценката не ги зема предвид децата, постарите или оние кои поради една или друга причина не се размножувале, рече Бон.

Праисториските луѓе кои еволуирале во хомо-сапиенс не биле единствените кои чекореле по Земјата, се вели во написот.

– Ова генетско следење ги исклучува сите човечки групи кои можеби живееле во тоа време, но не се наши директни предци, додаде Антоан Балзо, директор за истражување во Францускиот музеј.

Во меѓувреме, други испитувања ги посочуваат климатските промени како еден од главните предуслови што довеле до тој голем пад на населението кај нашите предци.

– Пред околу 900.000 (години) имало климатски промени со пожесток студен период и помалку дожд во Африка, коишто можеби создале пустини и изолирани групи луѓе, и што го направиле преживувањето поголем предизвик, изјави Крис Стрингер – раководител на истражувањата и антрополог од Британскиот природонаучен музеј.

„Предизвикувачките услови на животната средина довеле до демографска криза меѓу човековите предци“, додаваат Ди Винченцо и Манци.

Други научници, сепак, остануваат скептични.

– Иако овие климатски настани се неспорни, многу помалку може да се заклучи со сигурност дека постои причинско-последична врска со тоа „тесно грло“, рече Балзо.

Како што пренесува „Инсајдер“, укажувајќи на методологијата на истражување користена во студијата, којашто се заснова на просечна генерација од 24 години, Балзо се сомневаа во точноста на проценетиот временски период.

– Точноста на тој временски период е многу сомнителна, може (да се погреши и за) 200.000 години повеќе или помалку, се согласи Тијери Гранж, молекуларен генетичар и специјалист за древни популации во Институтот „Жак Моно“ во Париз, во интервју за весникот „Фигаро“.

– Тоа е провокативен труд, особено со замислата дека толку мал број поединци би можеле да го сочуваат целиот вид повеќе од 100.000 години, дополни Британецот Стрингер.

За Бон, пак, истражувањето нè враќа на едно од најзанимливите прашања: „Како хомо-сапиенсот успеал да преживее?“ – Тоа прашање допрва треба да се испитува.

 

Фото: Пиксабеј

исчезнување предци човекови
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во ВИ Финска „Гугл“ ќе вложи најмалку 13 милијарди евра

септември 10, 2026

Метеоролошката служба на Велика Британија предупреди дека феноменот Ел Нињо веројатно ќе биде најсилниот во поновата историја

август 27, 2026

„Гугл асистент“ оди во историјата

август 14, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.