Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЦУК: Вчера имаше 34 пожари на отворен простор, активни се уште два
Градови

ЦУК: Вчера имаше 34 пожари на отворен простор, активни се уште два

октомври 12, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Центарот за управување со кризи известува дека вчера имало вкупно 34 пожари во земјава, според добиените информации во Секторот за операции и координација во ЦУК добиени од институциите во Системот за управување со кризи. Активни пожари во земјава, од вчерашните, се уште два и тие се во општините Македонски Брод и Долнени.

Во општина Македонски Брод, високо над село Белица, на непристапен терен под Солунска Глава гори ретка борова шума во месноста „Аргулица“. Конкретно, регионалниот ЦУК Охрид, известува дека пожарот се уште е активен, при што е опожарена ретка борова шума на карпест терен со длабоки провалии и било речиси невозможен пристап за лица коишто би го гаснеле пожарот од земја, а е отежнато било и за воздухоплови.

Во текот на вчерашниот ден на терен биле пожарникарите од ТППЕ Македонски Брод со два пожарникара и двајца вработени од ЈП „Национални Шуми“, подружница „Сандански“ од Македонски Брод.

 

Вториот активен пожар е во општина Долнени, кај село Небрегово, каде што гори мешана шума. Конкретно, регионалниот ЦУК Битола, информи ра дека од 12:41 часот, вчера со 11 пожарникари и две противпожарни возила од Територјалната противпожарна единица ТППЕ Прилеп интервенираат за гаснење на запалената шума во атар на село Небрегово, над Манастирот.

 

Притоа бил загрозен Манастирот „Свети Јован Крстител“ и бил голем ангажманот на пожарникарите е за негова заштита од огнот, велат од ЦУК.

 

Изгаснатите 32, од вкупно 34-те, пожари на отворено во државата биле во:

 

– Општина Сарај, с.Глумово (каде што горело стрниште и сува трева);

– Општина Карпош, крај ул. „Франце Прешерн“ (сува трева и дрва);

– Општина Студеничани, 2, кај с.Моране (сува трева и дрва) и кај с.Црвена Вода (мешана шума);

– Општина Чучер Сандево, покрај патут кон ц.Блаце (сува трева);

– Општина Прилеп: м.в.на месноста „Над Бараки Варош“ (сува трева);

– Општина Долнени, 2, кај с.Дебреште и кај с.Сенокос (сува трева);

– Општина Гевгелија, с.Миравци (сува трева и прнар);

– Општина Валандово, 2, кај с.Марвинци (сува трева и прнар) и кај с.Пирава (сува трева, капини, дел од лозје и овоштарник);

– Општина Кичево, 3: кај с.Осломеј, с.Зајас и кај с.Мамудовци (стрништа);

– Општина Свети Николе, 2: кај с.Амзабегово (стрниште, сува трева и трње) и во близина на река Мавровица (сува трева, трње, овоштарник и чемпреси);

– Општина Штип, 3: кај с.Калапетровци, реон во првец кон с.Кошево (дабова шума и сува трева), кај с.Селце (нискостеблеста и деградирана шума) и на месноста „Мирјанина Црква“ (сува трева);

– Општина Карбинци, с.Крупиште (стрниште и сува трева);

– Општина Пехчево, кај месноста „Крива Круша“ покрај патот Пехчево-Делчево (сува трева);

– Општина Куманово, 2, реон кај месноста „Муслимански гробишта“ и кај бензинска пумпа „Лукоил“ (сува трева);

– Општина Липково, 2, кај с.Лојане (сува трева) и кај с.Слупчане (сува трева);

– Општина Старо Нагоричане, 2, кај с.Никуљане (стрниште, сува трева и драка) и кај с.Младо Нагоричане (сува трева и отпад од пченка);

– Општина Ранковце, во реон на с.Ветуница (нискостеблеста шума, грмушки и сува трева);

– Општина Тетово, во реон на населбата „Вон Вардарска“ (сува трева);

– Општина Брвеница, с.Радиовце (стрниште и сува трева);

– Општина Гостивар, с.Турчане (сува трева) и во

– Општина Врапчиште: с.Топлица (сува трева).

отворен пожари простор
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите

ноември 11, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Нови правила за боледување од 1 декември

ноември 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.