Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ТРАГЕДИЈА: Во Австрија падна авион кој полетал од Загреб, загинаа четири лица
Во Фокусот

ТРАГЕДИЈА: Во Австрија падна авион кој полетал од Загреб, загинаа четири лица

ноември 3, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Четири лица загинаа кога мал спортски авион се урна вчера попладне во Лунгау, во централна Австрија, објави денеска австриската полиција, додавајќи дека авионот летал од Загреб за Салцбург.

Авионот „Сирус СР-20“ полетал од главниот град на Хрватска нешто пред 14 часот, а крајната дестинација му била аеродромот во Салцбург.

Околу 15:45 часот леталото се урна во шума на непрооден терен во областа Пасеген.

Службите за итни случаи успеале да стигнат до остатоците од авионот кога патниците веќе биле мртви. Според информациите од полицијата, жртвите се уште не се идентификувани.

Причините за несреќата до овој момент не се познати.

Државната канцеларија на криминалистичката полиција во Салцбург ја презеде истрагата и повика експерт за воздушни несреќи.

Државниот правобранител наредил детална проверка на остатоците од авионот и обдукција на телата на починатите, јави АПА.

Спасувањето било отежнато поради постојаниот дожд и стрмниот терен.

Во текот на ноќта припадници на доброволната противпожарна единица и членови на планинската спасувачка служба го извлекле трупот од авионот го транспортирале во просториите на Одделот за одржување на патиштата заради правење стручна експертиза.

Според „Кроненцајтунг“, очевидец го слушнал ударот и ги алармирал спасувачките служби. Како што информира „ОРФ Салцбург“, времето во Лунгау во моментот на несреќата се сметало за тешко за летови – поради делумно густата облачност и турбуленциите на ветерот. Покрај тоа, се наведува и дека паднатиот авион стандардно бил опремен со падобран за итни случаи, кој се активира со помош на експлозивно полнење. Меѓутоа, системот за спасување очигледно не бил активиран, пренесува агенцијата АПА.

авион австрија актуелно Загреб Салцбург трагедија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.