Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Германците ги избраа најдобрите автомобили за 2026 година

ноември 20, 2026

3 хороскопски знаци со кои е најтешко да се биде во врска: Тие имаат страв од обврзување и ја обожаваат својата слобода

ноември 20, 2026

УХМР со ново метео предупредување, невреме со силен ветер и врнежи од дожд се очекува во текот на ноќта и утре претпладне

ноември 20, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Германците ги избраа најдобрите автомобили за 2026 година
  • 3 хороскопски знаци со кои е најтешко да се биде во врска: Тие имаат страв од обврзување и ја обожаваат својата слобода
  • УХМР со ново метео предупредување, невреме со силен ветер и врнежи од дожд се очекува во текот на ноќта и утре претпладне
  • Црна Гора затвори уште две поглавја во преговорите со ЕУ
  • Макрон бара преиспитување на влезот на Украина во НАТО, Мерц е подготвен за разговори со Путин
  • Роберт Патинсон е новиот Џејмс Бонд
  • Овие хороскопски знаци ќе ги решат финансиски проблеми
  • Инстант лоз „Фрути“ – овошен спектар со сладок вкус на добивки
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА НАУКА: Државата стимулира научно-истражувачки проекти од јавен интерес
Македонија

МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА НАУКА: Државата стимулира научно-истражувачки проекти од јавен интерес

ноември 24, 2023Updated:ноември 24, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерството за образование и наука распредели над 240 милиони денари со кои ја поддржа работата на научно – истражувачките работници и го стимулира развојот на науката. Со овие средства се модернизираа условите во повеќе лаборатории на високообразовните и научните установи, се акредитираа нови методи за работа, а воедно и се финансираа седум проекти од посебен јавен интерес на седумте јавни научни установи во државата.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири при денешната посета на Градежниот факултет во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со која ја започна посетата на високообразовните и научните установи кои во изминатите две години добија средства за модернизација на лабораториските ресурси, односно за обезбедување на современа опрема во рамки на лабораториите каде спроведуваат истражувања, научни проекти и реализираат практична обука за студентите.

„Идејата е да ја увидам искористеноста на набавените нови ресурси, користа која тие ја обезбедуваат и секако, да продискутираме со раководствата и кадарот на високообразовните и научните установи околу сето тоа што е нивна тековна потреба, предизвик и заеднички да го дефинираме правецот на делување во иднина, од аспект на обезбедување на вистинската поддршка и помош“, рече Шаќири.

Министерот информираше дека Градежниот факултет добил околу 5 милиони денари од министерството, со кои се обновија две лаборатории, каде дел од магистрантите и докторандите ги имаат сработено и одбрането своите тези, а воедно лабораториите се користат и при изградбата на коридорите 8 и 10-д.

„Согласно информациите кои ми беа презентирани, во овие лаборатории веќе се спроведени некои позначајни анализи и истражувања, па дури и се користат при изгадбата на двата коридори како крупни проекти од национален интерес, и тоа особено ме радува, затоа што, потврдува дека идејата која МОН ја реализираше, за прв пат, после 10тина години, а во насока на стимулација на науката и научно – истражувачката апликативна дејност, е вистински чекор и дава ефект“, рече Шаќири, додавајќи дека како министер за образование и наука ќе се заложува ваквиот тип на поддршка да продолжи и во иднина и тоа со постојан раст на наменските буџетски средства.

„Науката и знаењето на граѓаните се нашите основни ресурси со кои можеме да му конкурираме на развиениот свет и не ни преостанува ништо друго, освен токму таму и да се фокусираме и да вложуваме“, нагласи министерот.

За време на посетата, Шаќири информираше дека пред неколку дена креирана е драфт верзија на Стратегијата за паметна специјализација на Северна Македонија.

„Станува збор за стратешки документ кој дефинира за што државата има најголем потенцијал, односно што може најдобро да прави и да понуди на глобалниот свет и токму во тоа да се вложува. Документот е објавен на нашата веб страна и нека биде ова една покана до експертската јавност, академската и научната фела, да го разгледаат и да дадат свој придонес во креирањето на конечната верзија на стратегијата, која ќе биде водилка на државата во идниот период“, рече министерот за образование и наука

актуелно модернизација МОН шакири
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Германците ги избраа најдобрите автомобили за 2026 година

ноември 20, 2026

3 хороскопски знаци со кои е најтешко да се биде во врска: Тие имаат страв од обврзување и ја обожаваат својата слобода

ноември 20, 2026

УХМР со ново метео предупредување, невреме со силен ветер и врнежи од дожд се очекува во текот на ноќта и утре претпладне

ноември 20, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.