Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Времето променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

ноември 18, 2026

„Тесла“ ќе инвестира три милијарди евра во германската фабрика за производство на „кибертакси“

ноември 18, 2026

Паѓа цената на нафтата

ноември 18, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Времето променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
  • „Тесла“ ќе инвестира три милијарди евра во германската фабрика за производство на „кибертакси“
  • Паѓа цената на нафтата
  • „Не знам дали постои поскапо место на светот“: Цените на храната и пијалаците на аеродромот во Истанбул го изненадија босанскиот инфлуенсер
  • Водата во Струга е забранета за пиење, измерена зголемена заматеност на повеќе места
  • Повеќе од 100.000 луѓе излегоа на улиците во Франција за да побараат повисоки плати
  • АНБ и МВР спречиле терористичка мрежа со шест македонски државјани, подготвувале атентат во Грција
  • На актерката Лидија Вукиќевиќ и истурија јогурт пред српското собрание (видео)
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » По изборите треба да спроведеме прочистување кај судиите и обвинителите, но прво кај нас политичарите – порача Пендаровски
Македонија

По изборите треба да спроведеме прочистување кај судиите и обвинителите, но прво кај нас политичарите – порача Пендаровски

декември 19, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Веднаш по изборите треба да спроведеме прочистување и кај судиите и кај обвинителите, но, прво, кај нас ‒ политичарите. И за секој, за кого нема логично образложение како со државна плата станал милионер, треба веднаш да следи не само оставка, туку кривична постапка. Ова денеска пред пратениците во Собранието рече претседателот Стево Пендаровски, во дел од годишното обраќање, велејќи дека тоа треба да е и порака и за следниот парламентарен состав.

Тој во обраќањето внимание даде на неколку актуелни случувања, но посебно внимание осврна на правосудскиот систем, нешто што со години наназад се потенцира како слаба карика во функционирањето на државата.

„Со години се соочуваме со отпори од повеќе страни при секој обид за суштински реформи во делот на правосудниот систем. Причина за тоа е спрегата помеѓу делови од политичката и бизнис заедница со дел од судиите и обвинителите која во изминатите децении создаде атмосфера во која развивме ендемска корупција која ја загрозува виталноста на државата. На среден и долг рок, клучен е квалитетот на човечкиот потенцијал, на кандидатите за судии и обвинители. Ниту еден закон не може да ја промени стварноста ако единствен критериум при изборот е негативната селекција базирана на партискиот клиентелизам и врски со олигархијата“вели Пендаровски.

Според него, под одговорност за сторените дела не се мисли на статистиката за осудени „џепџии“ која служи за замајување на јавноста, туку на бројот и квалитетот на правосилни пресуди од сферата на високата корупција и организираниот криминал.

„Само на тој начин ќе се потврди дека законите важат за сите, дури и за најмоќните и најбогатите“,додава претседателот.

Потенцираше и дека за жал, се стекнува впечаток дека САД и Европската Унија се поревносни борци против корупцијата кај нас од нашите институции.

„Меѓутоа, странските санкции не се доволни, не само затоа што не се проследени со домашни санкции. Имено, ние се соочуваме со многу подлабок проблем, бидејќи корупцијата, во меѓувреме, стана начин на живот за многумина или како што неодамна ја опиша еден странски амбасадор, станува збор за менталитет на луѓето кој мора да се менува. При тоа, два аспекта на проблемот дополнително ги потенцираат неговите пропорции. Прво, ако воопшто бидат поведени, процесите на висока корупција се исклучително бавни и неизвесни, со што, се засилува перцепцијата кај граѓаните дека правдата е бавна, но, недостижна.

Второ, дури и малубројните успешно завршени судски процеси се ограничени на конкретен временски период, при што, речиси секогаш отсуствува континуитет во акциите на државата, особено по промените на власта на централно или локално ниво. Ваквите вакуум-периоди практично ги поништуваат ефектите од ретките успешно завршени случаи на корупција против носителите на јавни функции“заклучи Пендаровски.

 

актуелно обвинители пендаровски прочистување судии
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

„Тесла“ ќе инвестира три милијарди евра во германската фабрика за производство на „кибертакси“

ноември 18, 2026

Паѓа цената на нафтата

ноември 18, 2026

„Не знам дали постои поскапо место на светот“: Цените на храната и пијалаците на аеродромот во Истанбул го изненадија босанскиот инфлуенсер

ноември 18, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.