Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Лек што го обновува лачењето инсулин до 48 часа кај лица со дијабетес 1
Здравје

Лек што го обновува лачењето инсулин до 48 часа кај лица со дијабетес 1

јануари 15, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ново научно откритие нуди надеж за лекување дијабетес со регенерирани клетки коишто произведуваат инсулин, имитирајќи ги природните функции.

Луѓето кои страдаат од дијабетес имаат проблем со неправилно функционирање на панкреасот. Затоа, за да се регулира неговата работа, односно нивото на инсулин во крвта, најчесто мора да консумираат вештачки замени во облик на таблети или инјекции. Но, неодамнешните испитувања покажаа напредок во обновувањето на клетките што создаваат инсулин во панкреасот. Предводени од научниците од австралискиот Институт за срце и дијабетес „Бејкер“, во истражувањето се користени лекови одобрени од американската Федерална администрација за лекови (ФДА) коишто се насочуваат кон ензимот ЕЗХ-2 за да ги стимулира прогениторните дуктални клетки на панкреасот.

Поттикнувањето на ЕЗХ-2 е од суштинско значење за потенцијалот за регенерација на бета-клетките, според авторите. Научниот труд е објавен во списанието „Сигнал трансдакшн енд таргетед терапи“ (Signal Transduction and Targeted Therapy).

Дукталните клетки одговорни за обложување на каналите на панкреасот, при испитувањата биле поттикнати да ја имитираат функцијата на дефицитарните бета-клетки кај луѓе со дијабетес тип 1. А пак, ГСК-126 и Таземетостат – два инхибитори на мали молекули коишто веќе се одобрени за третман на рак, биле клучни за ублажување на ограничувањето што го наметнува ензимот ЕЗХ-2, дозволувајќи им на дукталните клетки да развијат функции слични на оние на бета-клетките.

Овој иновативен пристап се однесува на автоимуното уништување на бета-клетките кај дијабетес тип 1, каде што управувањето со инсулинот и гликозата се потпира на редовни инјекции.

Важно – регенерираните клетки покажаа способност да чувствуваат гликоза, прилагодувајќи го лачењето инсулин.

Тестовите, кои користеа примероци од ткиво од 56-годишници без дијабетес и луѓе од најразлична возраст со дијабетес тип 1, открија конзистентни резултати. Охрабрувачки, нормалното лачење инсулин продолжи во рок од 48 часа по стимулацијата.

Се проценува дека околу 422 милиони луѓе во светот имаат дијабетес, па ваков и слични лекови би можеле многу да им го олеснат животот.

Иако клиничките испитувања допрва треба да се спроведат, гореспоменатото истражување претставува потенцијален начин за обновување на телесните функции погодени од дијабетесот.

 

 

 

Фото: МИА

инсулин лачење лек обновување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Доктор открива кој пијалок има докажани придобивки за црн дроб

септември 22, 2026

Во Русија веќе постоен лек за лекување хепатитис Б може да се користи и за лекување на ракот

јануари 22, 2026

Чешка ќе дозволи лекарите да препишуваат лековити „магични печурки“ од следнава година

декември 9, 2025
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.