Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во италијанскиот град Тоскана кога автомобил се забил во наплатна станица, потврди вчера противпожарната бригада.
Портпаролот на противпожарникарите изјави дека автомобилот во кој се наоѓала брачна двојка од Германија со голема брзина се приближил до наплатната станица на автопатот во близина на Ливорно, каде што се судрил со две други возила кои чекале на ред на патарината.
Повредени се шест лица, меѓу кои и две деца, јавуваат од службата за Итна медицинска помош.
Во судирот загинал и патник во еден од автомобилите кои чекале во редот.
Германскиот автомобил се превртел и удрил во наплатната куќичка.
Сликите од местото на настанот покажуваат превртени автомобили и урната наплатна рампа.
Италијанските медиуми објавија дека вработениот кој работел во кабината не е повредена.
Точните околности за несреќата се истражуваат.
(Фото: Вигли Дел Фуоко / Х)







