Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Кинеските компании почнаа да ја прекинуваат продажбата на стоки во Русија поради падот на рубљата
Економија

Кинеските компании почнаа да ја прекинуваат продажбата на стоки во Русија поради падот на рубљата

декември 2, 2024Updated:декември 2, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Кинеските компании кои доставуваат стоки за широка потрошувачка во Русија почнаа да ја прекинуваат продажбата на платформите за е-трговија поради падот на рубљата, објави South China Morning Post, цитирајќи упатени во индустријата.

Според весникот, падот на руската валута на најниско ниво од март 2022 година ги загрижи кинеските претприемачи, особено оние кои тргуваа во рубљи.

Кина стана најголем трговски партнер на Русија и главен снабдувач на стоки за широка потрошувачка наместо западни компании.

Во Руската Федерација од Кина секој месец се увезува стока во вредност од 10-11 милијарди долари, што е двојно повеќе од пред почетокот на војната.

Повеќе од 50 отсто од стоките на платформите за е-трговија доаѓаат од Кина, а уделот на кинеските автомобили на пазарот на автомобили достигна 70 отсто.

Но, падот на рубљата донесе „сериозни загуби“ на кинеските извозници, изјави за SCMP Анди Гуо, основач на руската деловна платформа Waimaojia.

„Од една страна, девалвацијата на рубљата ги зголемува цените, ја ослабува желбата на руските потрошувачи за купување. Од друга страна, флуктуациите на девизниот курс ги „јадат“ маржите на кинеските извозници по плаќањето“, објаснува тој.

Вкупно, околу 150 илјади кинески продавачи ги нудат своите производи на Ozon, Wildberries и Yandex Market. Ситуацијата за нив е комплицирана поради проблемите со плаќањето, изјави операторот на една од платформите за тргување во Шенжен.

Според друг продавач, рубљите заработени во Русија може да се разменуваат само на црниот пазар, што е ризично.

Британските медиуми пренесуваат дека од почетокот на ноември рубљата загуби околу 10 отсто во однос на јуанот и доларот, како и 7,5 отсто во однос на еврото, што беше најлош месечен курс за руската валута во последните две години.

Како одговор на тоа руската Централна банка одлучи да ја удвои продажбата на јуани од резервите на пазарот – на 8,4 милијарди рубљи дневно, што малку ја „намали температурата“ на рубљата.

Во петокот курсот на јуанот падна за 1,5 отсто на 14,5 рубљи. Курсот на доларот падна на 106,5 рубљи, а еврото на 112,59 рубљи.

 

 

 

Извор: МИА/фото:ЕПА

актуелно кинески компании прекин продажба русија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.