Од Градот Скопје, поради загадувањето на воздухот во пет последователни денови, денеска упатија апел до граѓаните да користат јавен превоз, да го сведат своето движење на отворен простор на неопходни излегувања, малите деца, бремените, хронично болните и постарите да не излегуваат на улица и да не се проветруваат просториите во кои се престојува.
Меѓу препораките се и почитување на сообраќајната сигнализација за движење на тешки товарни возила низ градот и да не се користат камионите доколку немаат регулирано испуштање на отпадните гасови.
Утрово најзагадено е во Центар со измерени 147,13 микрограми на метар кубен, Миладиновци 136,89, Куманово со 134,96, Тетово 117,71, Велес 117,64, Карпош 114,86, Ректорат 109,07, Лисиче 99,69 …







