Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Ќе дува слаб ветер, претежно од северен правец, но повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините.
Во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста.
Утринската температура ќе се движи од минус два до два, а дневната од седум до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно.
Во утринските часови ќе има умерена облачност, а во текот на деноѕ ќе има зголемување на облачноста.
Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе достигне до осум степени.
Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури.
Позначителен пораст на дневната температура ќе има од петок и за време на викендот.
Во петок се очекува дневната температура да достигне до 17 степени.







