Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Остри критики од „Конрад Аденауер“ за ВМРО-ДПМНЕ
Некатегоризирано

Остри критики од „Конрад Аденауер“ за ВМРО-ДПМНЕ

декември 22, 20160
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Наместо да ја прифати волјата на мнозинството и да се насочи кон внатрепартиски реформи, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја задржи разјадената власт, пишува во анализа за состојбата во Македонија, фондацијата Конрад Аденауер, пишува Дојче Веле.

Фондацијата на германската владејачка конзервативна партија ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел упати остри критики за недемократско однесување кон ВМРО-ДПМНЕ. Во анализа објавена денеска на интернет-страницата на фондацијата „Конрад Аденауер“, сестринската партија од Македонија се критикува поради нејзиното одбивање да се реформира, дезавуирањето на државните институции, како и поради критиките кон странските амбасадори.

Во анализата под наслов „Народот одлучи“, се наведува дека изборите, иако биле досега најслободните и најдемократски, не донеле политичка стабилност. „Напротив, последните денови беа пример за недемократско однесување пар екселанс. Кризата во државата нема крај. Последиците би можеле да бидат и немири“, пишува авторот Јоханес Реј.

Тој натаму проценува дека доколку СДСМ успее да освои уште едно пратеничко место по прегласувањето во Теарце в недела, тоа би им ги зголемило шансите за создавање коалиција. Колку е реално СДСМ да освои 304 гласови во Теарце, не може никој да предвиди, но всушност тоа и не игра никаква улога:

„Партијата на долгогодишниот премиер Никола Груевски уште пред одлуката на Управниот суд најави дека нема да учествува во прегласувањето – грубо непочитување на изборното право“.

Со меѓунасловот „Игнорирање на гласачката волја“, започнува и серијата критики кон ВМРО-ДПМНЕ.

„Со губењето на 19 пратенички места, гласачите ѝ испратија јасен сигнал за промени на владејачката коалиција, сигнал кој пред сѐ не се прифаќа од ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да се иницираат внатрепартиски реформи, се прави обид да се задржи еродираната власт.

Со објавата на Прогласот и говорот на Груевски пред седиштето на ДИК минатата сабота се попречуваат ДИК и Управниот суд, нивните членови се дезавуираат, и се затвора вратата за меѓународната заедница.

Останува нејасно, зошто партискиот врв, без потреба, уште пред одлуката за жалбите на опозицијата, ѝ го соопшти ова на јавноста. Очигледно не постои никаква доверба во државните институции“.

Понатаму се критикува и создавањето „непријателски имиџ“ кон странците од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Легитимно е да се критикува политичката улога на некои амбасадори и не секогаш вештата посредничка улога на ЕУ. Но, да им се префрла на амбасадорите и странските претставници мешање во внатрешните работи и директно влијание врз работата на поединци во ДИК, е проѕирен маневар, за да се прикријат сопствените проблеми.

Заканата, преку нова финансиска регулатива да се потчинат невладините организации, нема да успее. Демократијата мора да поднесе и спротивно мислење“, се наведува во анализата.

Околу можниот исход од изборите и идните коалиции, „Конрад Аденауер“, прогнозира дека досега владејачката ДУИ поради големите изборни загуби и внатрепартиски превирања, „нема повторно да коалицира со конзервативците“.

„Следните недели ќе бидат возбудливи. Од нови избори напролет заедно со локалните избори, па сѐ до отворена борба за превласт, сѐ е можно. Никој не може да гарантира дека ќе остане мирно. Додека обичните луѓе луто гледаат од страна, атмосферата кај членовите на сите партии е многу напрегната. Партиските лидери имаат обврска да бидат воздржани во реториката, да делуваат смирувачки пред своите поддржувачи и да не го закопуваат легитимитетот на државните институции“.

„Со големата излезност на изборите, гласачите ја покажаа својата зрелост и со својот глас побараа промени во политичкиот естаблишмент. Но нивната желба за политичка стабилност и нормалност и натаму не се почитува. Личните интереси повторно се ставаат над добробитта на заедницата. Македонија загазува уште подлабоко во криза“, заклучува фондацијата „Конрад Аденауер“ во анализата за состојбата во Македонија.

Фондацијата „Конрад Аденауер“ е активна преку своја канцеларија во Македонија од 2000. година.

Оттогаш, фондацијата која важи за блиска до германската конзервативна Христијанско-демократска унија (ЦДУ) поддржала бројни проекти за евро-атлантската интеграција на земјата.

Притоа, преку разни семинари, конференции и работилници се обучуваа и политичари, новинари и општествени чинители.

Особено блиска соработка оваа фондација има со ВМРО-ДПМНЕ, која важи за сестринска конзервативна партија на германската ЦДУ.

актуелно вмро-дпмне Конрад Аденауер превирања реформи фондација Христијанско демократска унија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.