Фудбалерот на Барселона, Нејмар рече денес дека се надева дека еден ден ќе заигра за бразилскиот клуб Фламенго.
Нејмар во октомври го продолжи договорот со Барселона на пет години, но планира да се врати во Бразил кога ќе го напушти шпанскиот клуб.
Тој ја помина фудбалската академија на Сантос, каде играше до крајот на мај 2013 година, кога премина во
Барселона, но вели дека нема намера да се врати во тој клуб.
Нејмар, кој ова лето освои златен олиписка медал со Бразил во Рио, рече многу сака да настапува за Фламенго.
„Ако постои можност, сакам да играм за Фламенго. За мене би било голема чест да играм на Маракана. Би играл таму по цел ден“, изјави Нејмар.







