На Македонската берза за хартии од вредност вчера продолжи позитивната серија, четврти дена со ред.
Тоа се должи на дополнителниот раст на индексот МБИ 10 и поголемиот број добитни продажба на акциите на компаниите.
Индексот МБИ 10 ја продолжува позитивната серија, и тоа со раст од 0,22 отсто.
Моментно тој изнесува 2.205,52 индексни поени.
Тргување со обврзниците вчера немаше заради што индексот ОМБ беше без промена на вредноста.
Вкупниот остварен промет изнесуваше 6,5 милиони денари, реализиран во 62 трансакции.
Соодносот на добитници спрема губитници беше 10 наспроти 7, во корист на добитниците, додека четири хартии се тргуваа без промена на вредноста.
Акциите на Алкалоид направија промет од 1,7 милиони денари, оние на Стопанска банка Скопје „свртеа“ 1,4 милиони денари, а на Комерцијална банка 1,02 милиони денари.
На листата на губитници водеше акцијата на Окта со пад од 5,40 отсто, а следеа акциите на ТТК банка која се намали за 2,20 проценти, на РЖ Макстил со 1,97 и на Макошпед чија акција се спушти за 0,70 отсто.
На позитивната страна беа: Арчелор Митал (ЦРМ) со раст од 8,70 отсто, на Топлификација со 7,49 проценти, на Гранит за 2 и на Тетекс за 1,43 отсто.







