Цените на нафтата беа малку пониски во вчерашното тргување во Азија.
Како што пренесуваат странските новински агенции, инвеститорите чекаат вести кои ќе наведат детали во врска со очекуваното намалување на каматните стапки.
Барел тексашка нафта од 159 литри за испорака во август вчераутро по средноевропско време чинеше 80,65 долари, осум центи помалку од петокот.
Во Лондон, северноморската терминска цена на сировата нафта „Брент“ за август досега паднаа за девет центи, на 85,15 долари за барел.







