Основачот на „Мајкрософт“ и филантроп рече дека светот ќе доживее пандемија за 10 до 15 години
„Меѓународната заедница треба да сфати дека што поскоро треба да се подготви за можна светска пандемија, рече Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“ и филантроп, на безбедносната конференција во Минхен.
Наведувајќи ја како пример еболата во западна Африка 2014-2015 година, шпанскиот грип во 1918 година или можноста од правење вирус за „терористички“ цели, Гејтс оцени дека „веројатно“ дека ќе се случи катастрофа на светско ниво.
Глобалната цена на подготовките за пандемија се проценува на 3,4 милијарди долари годишно. Годишните загуби кои би можела да ги предизвика некоја пандемија можат да достигнат 570 милијарди долари“, Бил Гејтс
„Било да се појави во природата или во рацете на терористот, епидемиолозите велат дека патогената супстанција која се пренесува во воздухот и брзо се шири може да усмерти 30 милиони луѓе за помалку од една година, истакна Гејстс на годишниот собир на официјалните лица на светската дипломатија.
Доста е веројатно, според Гејтс, дека светот ќе доживее една таква епидемија за 10 до 15 години. Затоа, вели тој, себе се доведуваме во опасност ако ја игнорираме врската меѓу санитарната безбедност и меѓународната безбедност.
Најбогатиот човек на светот ги повика државите да инвестираат во истражување за да се развијат технологии со кои може да се произведе вакцина за неколку месеци.
На крајот, основачот на „Мајкрософт“ ја повика меѓународната заедница да се подготви за пандемија со иста сериозност со која се подготвувала за нуклеарен напад во Втората светска војна.







