СДСМ во соопштение најостро го осуди инцидентот за кој на фејсбук информираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски за поставена бомба во куќата на неговите родители во село Ижиште во Македонски Брод и побара Министерството за внатрешни работи во најкус можен рок да го расветли случајот.
Најостро го осудуваме инцидентот што се случил во домот на родителите на Антонио Милошоски. МВР мора веднаш да го расветли случајот со поставената бомба, а извршителите мора да бидат најдени и соодветно казнети. Дестабилизацијата во државата креирана од Груевски и соработниците мора веднаш да престане, бидејќи таа не носи ништо добро за никого, се вели во соопштението од СДСМ.







