Со звукот на фанфарите од Воениот музеј на Калемегдан почна 14-та „Ноќ на музеите“, која во Белград се одржува на 68 локации и ќе опфати 136 случувања.
Како и секоја година „Ноќта на музеите“ ќе отвори величествени зданија и ќе прикаже ексклузивни локации.
Посетителите ќе можат да ги посетат Синагогата и Црквата Свети Анте Падовански, да се запознаат со учењата на Фројд и Јунг, да видат како на фотографии оживеа романот „Мајстор и Маргарита“, да се потсетат на седумдесетите години низ фотографии од богатата архива на агенцијата Тањуг, да дознаат каков бил односот на Никола Тесла и кралот Караѓорѓевиќ, да ја слушнат приказната за историјатот на тролејбусот, да се присетат на авантурите на најпознатиот жител на Зоолошката градина, Сами, и на уште многу други работи.
„Ноќта на музеите“ се одржува во 44 градови во Србија, со 390 содржини, а се под мотото „Големи и мали револуции“.
Се до еден часот после полноќ, посетители ќе можат да прошетаат во 120 градови, 30 држави и 3.000 музеи ширум Европа.







