Во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ се вели дека Македонија осум години по ред добиваше позитивна препорака за почнување на преговорите, која беше условена последниве две години токму заради политичката криза во која што СДС ја втурна државата, стои во соопштението.
Заев им вети на граѓаните брзо членство во ЕУ и НАТО, без да се задира во идентитетските прашања и без да се прават договори на штета на македонскиот народ и држава.
Граѓаните очекуваат ветувањата да бидат исполнети, а не да се намалуваат очекувањата и да се нуди како успех нешто што веќе било сработено, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.







