Европската полициска служба Европол соопшти вчера дека десетици луѓе осомничени за трговија со луѓе се уапсени ширум Европа.
Во операцијата што била изведена минатиот месец, а која траеле една недела, учествувале полициски и други служби од 26 држави.
Приведени се и уапсени 133 луѓе поради сомнеж дека учествувале во трговија со луѓе или илегална миграција. Исто така, собрани се информации врз основа на кои се покренати 44 нови истраги, се наведува во соопштението.
Во рамки на операцијата проверени се речиси 22.000 луѓе и повеќе од 66.000 возила на повеќе од 2.900 локации во индустријата, како што се сообраќај, земјоделство, поморство, производство и угостителство.







