Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Употреба на Темјанушката (VIOLA ODORATA) во Фитомедицината
Здравје

Употреба на Темјанушката (VIOLA ODORATA) во Фитомедицината

јули 6, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Повеќегодишно, тревесто растение без стебло, високо до 15 см. Коренот е дебел и разгранет. Создава розета од листови, цветови и до 25 см долги надземни изданоци што се вкоренуваат и развиваат растенија што цветаат втората година.

Плодовите се ситни, сферични, влакнести кутивчиња со многу семе, по созревањето пукаат. Семињата се бледо-кафеави.

Цвета во март-април, раѓа плод во мај-јули. Темјанушката често се среќава по нашите планини. Еднократна берба не смее да надминува 70 % од популацијата. Повторна берба се препорачува после 2 години. Во фитомедицината се користи цветот и ризомот со коренот. Се бере на чисти места.

Цветовите мора внимателно да се берат да не се оштетат. Листовите се берат во текот на цветањето, а коренот со ризомот се откопува во есен и рана пролет.
Темјанушката е прочуено лековито растение, содржи сапонозиди, гликозиди-иридин, антоцијан-виоламин, малку алкалоиди-одоратин сличен е на еметинот, содржи етерично масло, флавониди, метил салицилат и слузи.
Во стара Кина оваа билка се користела за лекување на заушки. Денес научната медицина потврди дека темјанушката може да се користи за лекување на белодробни заболувања, и тоа хроничен бронхит, воспалено грло и воспалени непца.

Ефикасна е против настинки попратени со треска и со висока температура. Делува експерторантно, односно овозможува искашлување, ги шири белите дробови и смирува сува кашлица.

Во некој земји темјанушката се користи како добар природен лек против главоболка, мигрена и мамурлак. Цветовите се користат за подобрување на сонот и лесно заспивање.
Локално ова растение се користи на рани отоци и заушки. Доведува до омекнување на воспаленото место, а ги чисти и раните ако има чир на кожата.
Листовите се користат локално за лекување на кожни тумори и бенигни и малигни. Коренот може да предизвика повраќање поради содржината на алкалоидот одоратин и затоа не треба да се претерува.
Може да се комбинира со повеќе лековити растенија: подбел, риген, бозел, босилок, невен, тегавец и мајчина душица.
Темјанушката не треба да се користи како чај за секојдневна примена туку ако имаме потреба.
Чајот од темјанушка се припрема како декокт. Една кафена лажица се става на чаша вода, врие 3 минути и се зема 3 пати дневно по една чаша половина час пред оброк.

Тинктура од темјанушка се припрема кога 50 г сув иситнет лист од цвет се прелива со 250 мл јака ракија, кисне 10 дена на темно место, се меша секој ден по неколку пати, 11 ден се процедува и се користи за туширање на непцата, како и локално за лекување на кожни заболувања. Постојат готови фабрички лекови изработени од цветовите кои се користат во педијатријата кај децата за лекување на заболувања на дишните патишта.
Од темјанушката може да се направи и паста за лекување на чиреви.
Темјанушката е безбедна лековита билка и може да се користи кај сите пациенти, но не треба да се претерува.

 

ДРАГАН ЈОВАНОВ – ФИТОТЕРАПЕВТ

Кина мајчина душичка Темјанушка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Шестгодишно девојче од Кина го собори женскиот светски рекорд во местење Рубикова коцка

септември 29, 2026

Доктор открива кој пијалок има докажани придобивки за црн дроб

септември 22, 2026

Во поплавите во Непал и Кина загинаа над 900 луѓе

август 31, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.