Земјотрес со магнитуда од 3.8 степени според Рихтеровата скала повторно е регистриран претпладнево во 11:12 минути во охридско епицентралното подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природноматематичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот е почувствуван во Охрид со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.
Уште два послаби земјотреси се регистрирани изутрина во Охридско. Првиот во 04:20 часот со магнитуда од 2.5, а дугиот во 08:31 со магнитуда од 2.6 степени според Рихтер.
Од 18-ти минатиот месец до денеска во охридскиот регион се реистрирани над 1.000 земјотреси, од кој најсилниот беше на 3 јули со мамгнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала.







