Пејачот Том Џонс ја одложи својата турнеја по САД поради здравствени проблеми.
Тој преку Твитер објави дека турнејата ќе биде одложена, не објаснувајќи попрецизно за што точно се работи, наведува АП.
Седумдесет и седумгодишниот Џонс требаше на 6 септември да ја започне големата турнеја по САД, меѓутоа, таа е одложена за мај и јуни следната година.
Поради одлагањето пејачот искрено им се извини на своите обожаватели кои планирале да бидат на некој од концертите.







