Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » И прасињата нема да гласаат за Груевски
Мислење

И прасињата нема да гласаат за Груевски

септември 5, 2017Updated:септември 7, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Предизборната стратегија на партијата на Груевски да заигра на картата на опасноста од бегалци и мигранти во Македонија не е сосема неразумна: ВМРО-ДПМНЕ собрано околу очајникот Груевски – кому локалниот изборен резултат буквално ќе му ја пресуди политичката иднината како на ниту еден друг партиски лидер – се надева дека, конфронтирани со замаглената опасност од некаква „наезда“ на мигранти и бегалци, левицата во Македонија ќе се соочи со кризата на сопствениот идентитет за тоа како да одговори на оваа компликација – да ги пречекаме… и тие се луѓе со свои права… им треба образование и помош… напатени се и сл.

За тоа време, десницата ќе си ја пее својата стандардна патриотска попевка за будење на стравот кај населението од инаквите кои, еве ги, доаѓаат да ни се населат низ градовите, да ни влезат во нашите домови, да ги загрозат нашите деца… со поддршка, а и во организација, на предавникот Заев.

Во таа смисла, кризата со мигрантите и не мора да е реална (како што и не е), тие не мора навистина да се надвиснати на нашите граници (како што и не се), ниту пак да се заинтересирани да се населат низ македонските градови и села (погаѓате: како што и не се), туку е доволно предизборно да се „запали“ темата, да се отвори дебата за тоа, таа да се прошири по телевизии и фејсбуци, за да се авансира чувството на страв и несигурност кај населението.

ВМРО посакува таа евентуална растечка масовна хистерија – чиј потсвесен работен наслов би можел да биде: „Нови Албанци не ни требаат!“ – да се преточи во „превентивни“ гласови кон локалнава конзервативна македонска десница. Затоа е целата оваа парада со потпишување петиции и барање референдуми против градењето (?!) на бегалски населби низ земјава, и тоа не затоа што тоа ќе се прави, туку затоа што еден дел од јавноста е вознемирен од самата помисла дека би можело да се прави.

Создавањето на такви лажни перцепции во политичката комуникација се нарекува пропаганда. Валкана.

Таа валкана пропаганда игра на картата на општата светска нестабилност во која, во последните неколку години, и многу поголеми и постари европски демократии од Македонија се разнишаа, ги расклатија своите либерални вредносни системи и заглавија во своите локални десно-популистички, хистерични варијанти.
Што би рекол Иван Крастев во својата последна книга „По Европа“, да се привлечат туристите и да се отфрлат бегалците е кратката верзија на европскиот посакуван светски поредок. Неговата централна теза е дека мигрантите се историските актери кои ќе ја определат судбината на европскиот либерализам.

Тоа, сепак, нема да се случи во Македонија, не на овие локални избори. Не само затоа што овдешниот либерализам и без тоа има определена мачна судбина, туку затоа што на најголем дел од народот му стана јасно со кого си има работа кога е Грујо и Фамилијата во прашање. Тоа ви е како да терате прасиња да гласаат за прослава со богата трпеза за Божик! Доволен број прасиња се опаметија за да сфатат дека локалната трпеза може да помине и без нив.

Сашо Орданоски

Извор: Цивил Медиа

актуелно албанија вмро-дпмне груевски Заев македонија сашо орданоски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.