Мисијата на ОДИХР која ќе ги набљудува изборите во Македонија пристигна во Скопје. Шеф на мисијата е Одри Гловер од Велика Британија.
Гловер е адвокатка за човекови права и поранешен агент на Велика Британија на оваа тема пред Европската комисија и Судот за човекови права.
Во еден период била и директор на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) во Варшава, од 1994 до 1997 година.
Гравер ја предводела делегацијата на Велика Британија во Комисијата за човекови права на ОН од 1998 до 2003 година.
Зад себе има десет изборни набљудувања.








