Македонската академија на науките и уметностите денеска одбележува јубилеј 50 години од формирањето . МАНУ е основана на 23 февруари 1967 година, а нејзин прв претседател беше Блаже Конески.
На свечена академија што ќе се одржи по тој повод ќе се обратат претседателот на Македонија Ѓорге Иванов како и претседателот на МАНУ академик Таки Фити.
Во рамки на одбележувањето покрај музичката програма ќе биде прикажан филмот „50 години МАНУ“.
МАНУ досега има издадено околу 1.690 научни трудови од сите сфери на науката и уметностите.
Изданијата опфаќаат поголем број на стручни монографии, зборници на трудови, научно-истражувачки проекти и студии, збирки, каталози и уметничка книжевност на македонски и англиски јазик.







