Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Џафери: Македонија гради вистинско мултикултурно општество
Македонија

Џафери: Македонија гради вистинско мултикултурно општество

октомври 18, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Мојата држава, Република Македонија, гради вистинско мултикултурно, мултиетничко и мултиконфесионално општество во кое преку инклузивноста на различностите, создаваме услови за економски, социјален и културен развој на секој поединец и на секоја етничка заедница, истакна во своето обраќање претседателот на Собранието Талат Џафери, кој ја предводи парламентарната делегација на 137. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ) во Санкт Петербург.

Џафери рече дека со помош на меѓународните пријатели и дијалог во 2001 година Македонија успеала да избегне поголеми воени судири меѓу двете најголеми етнички заедници и оти токму нетолератноста и обидите за наметнување на ексклузивност на една етничка заедница врз друга довеле до ширење на верска нетрпеливост и големи воени судири во земјите од Западен Балкан.

„И да разјаснам, таа ексклузивност и таа, најблаго речена нетолерантност кон другиот, кон различниот, не се врзуваше за одредена етничка заедница туку за конкретни политички елити.

„Сепак, убеден сум дека сите ние, во рамките на своите држави а и на ниво на регион, научивме дека различноста, културна, етничка, јазична или верска, треба да се почитува и потребна е целосна инклузивност ако сакаме да обезбедиме стабилност и развој на секоја држава поединечно и на регионот во целост, рече Џафери.

„Токму за таа цел, додаде тој, Македонија во последната декада организираше неколку меѓународни конференции посветени на меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог.

Џафери во својот говор предупреди дека мигрантската криза предизвикана од воените судири на Блискиот Исток и делувањето на таканаречената Исламска држава, претставуваат многу сериозни предизвици кои ја потхрануваат интолеранцијата, ксенофобијата и појавата на екстремизам.

„Сега е моментот кога ни е најпотребен дијалог и соработка, за да можеме успешно да се справиме со овие предизвици. Во тој дијалог и соработка треба да бидат вклучени сите национални и меѓународни институции, како и невладиниот сектор, доколку навистина сакаме успешно да се справиме со овие предизвици а притоа, почитувајќи ги принципите и стандардите на човековите права и слободи – истакна претседателот на македонскиот Парламент пред учесниците на ИПУ во Санкт Петербург.

Џафери ја предводи парламентарната делегација во чиј состав се пратениците Јован Митрески, Реџаиљ Исмаили, Јулијана Николова и  Генерален секретар на Собранието на Република Македонија Цветанка Иванова.

 

актуелно Западен Балкан ипу македонија Санкт Петербург Талат Џафери
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.