Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЕЛЕМ ќе ги поддржи младите пронаоѓачи од тимот „Свифт“
Економија

ЕЛЕМ ќе ги поддржи младите пронаоѓачи од тимот „Свифт“

ноември 23, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

АД ЕЛЕМ ќе ги поддржи младите иноватори од тимот „Свифт“ кои победија на натпреварот на НАСА во Македонија со изумот „сензор за мерење на сончева енергија“ и нивниот изум ќе го употреби во своите развојни проекти, најави генералниот директор и претседател на УО на АД ЕЛЕМ Драган Миновски.

Тој посочи дека уредот ќе биде искористен за одредување на локацијата на која е најпогодно да се постави 10 мегаватна фотоволтаична електрана за производство на електрична енергија од сонце, за која АД ЕЛЕМ ги почна подготовките за изградба. Уредот ќе се користи и за максимално искористување на сончевата енергија за производство на електрична енергија на целата територија на земјава.

„Со одлука на УО на АД ЕЛЕМ ќе ги поддржиме младите пронаоѓачи со одредена финасиска сума  која ќе биде спонзорство од компанијата за да продолжат понатаму со подобрување и усовршување на нивниот изум во периодот додека тој се користи од наша страна. При тоа ќе ја следат неговата ефикасност и ќе бидат на терен вклучени во неговата примена, рече Миновски на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека ЕЛЕМ како државна компанија ќе стори се што може за да ги поддржи младите пронаоѓачи да креираат и од тоа да имаат бенефит и тие, но и државата.

„Убедени сме дека тоа е вистинскиот начин како да ги задржиме младите да останат во татковината, а државата да им помогне во нивните пронајдоци, потенцира Миновски и додаде дека во поддршката теба да се вклучат и приватните стопанственици, бидејќи станува збор за инвестиција во иднината на земјата.

Младите пронаоѓачи од тимот „Свифт“ учествуваа на натпреварот NASA Space Up Challenge во организација на Њуменс бизнис акцелератори и иако беа средношколци и најмладиот тим успеаа да победат. Од април годинава работат на усовршувањето на прототипот кој подоцна, како што велат, планираат да прерасне во продукт што првично  ќе се продава на македонскиот пазар, а поднцна и на европскиот и американскиот.

„Функционалноста на продуктот е во помошта која ја пружа на идните инвеститори во фотволтаици да проверат дали инвестицијата би им се исплатела и за колкав временски период ќе ја вратат назад. Може да придонесе и за цели држави доколу владите покажат интерес за соработка за субвенционирање на извори на обновлива енергија, како и да најдат најсоодветни региони за изградба на фотоволтаични централи, рече иноваторот Александар Момироски, бруцош на Машинскиот факултет во Скопје.

Дамјан Постоловски, бруцош на ФИНКИ посочи дека различни локации имаат различни потенцијали на енергија.

„Нашиот продукт дава одговор колку енергија би се добила во кој период од денот или, пак, годината на дадената локација и може да служи како алатка при планирање на проекти од таков тип. Уредот е самоодржлив и се напојува со  сончева енергија, рече Постоловски.

Резултатите од пресметките и мерењата, додаде, се достапни до корисникот во реално време 24 часа во вид на веб-апликација или мобилна апликација. Може да го користат и домаќинствата кои планираат да вградат фотоволтаици.

Во тимот „Свифт“ се и Павел Ѓорговски и Јаков Докузов кои се бруцоши на ФИНКИ, како и Борче Ангелво кој студира во Германија.

актуелно германија ЕЛЕМ скопје њуменс бизнис уо финки
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.