Спортското риболовно здружение „Кочански рибар“ од Кочани со финансиска помош што ја доби неодамна, реализираа уште едно порибување на езерото Градче крај Кочани.
Ова порибување, што е последно за годинава, беше реализирано со помлади парчиња крап, набавени од специјализирано мрестилиште во Неготино.
„Во езерото Градче со оваа последна акција за порибување пуштивме количина на риба од 165 килограми, околу илјада парчиња, со 250-300 грама тежина на крап, изјави Димитар Димитров, претседател на Спортско риболовното здружение „Кочански рибар“.
Со ова порибување, кое е четврто за годинава, целосно се исполнува програмата за работа за годинава. Збогатувањето и заштитата на рибниот фонд ќе продолжи и во наредната година.







