Жителите од општина Центар ќе ги добиваат документите од матичната евиденција од Управата за водење на матични книги со што ќе ги избегнат гужвите пред шалтерите и ќе заштедат време и пари.
За таа цел денеска градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ и директорот на Управата за водење на матични книги Ѓоко Котевски потпишаа меморандум за соработка.
Општина Центар соопшти дека на средбата двајцата соговорници разговарале и за изнаоѓање на нови начини за соработка меѓу двете институции.







