Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Нов проект за изградба на експресен пат во зоната Визбегово-Стенковец
Економија

Нов проект за изградба на експресен пат во зоната Визбегово-Стенковец

декември 25, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Зоран Заев и претставници на Здружението на приватни стопанственици од индустриската зона Визбегово-Стенковец вечерва на средба во Владата се договориле да се подготви нов проект за експресен пат низ  зона, како решение од заеднички интерес, а општините низ кои минува делницата да изработат нови или да ги усогласат постојните детални урбанистички планови.

Состанокот, информираат од владината прес-служба, бил целосно посветен на отворените прашања кои треба да бидат решени за да почне изградбата на автопатот Блаце – Скопје, како и делницата од клучката кај обиколницата пред влезот во индустриската зона Визбегово, која до крстосницата со булеварот „Словенија“, треба да биде изградена како експресен пат.

„Во насока на целосно разбирање и прифаќање на отворените прашања што ги засегаат стопанствениците, договорено е за новиот екпресен пат да биде подготвен нов проект кој на најмал можен начин ќе влијае на одредени отстапки на имотните парцели на стопанствениците што имаат објекти долж делницата, информираат од владината прес-служба.

Заради безбедносни и други инфраструктурни потреби, договорено е општините Бутел, Карпош и Чучер Сандево, низ кои поминува делницата, или ќе бидат вклучени со другите сервисни патишта и придружна инфраструктурна содржина, во најкус можен рок да пристапат кон изработка детални урбанистички планови, или да подготват измени и дополнувања на веќе постоечките.

Од Владата укажуваат дека интервенциите во ДУП-овите на општините, и делумно и на град Скопје, се неопходни за да се обезбеди законска и врз основа на план, подготовка и реализација на новиот проект за делницата од клучката на обиколницата, низ зоната Визбегово, до улицата „Словенија“.

На состанокот е договорено дека сите овие подготвителни интервенции ќе бидат спроведени со целосна поддршка на Владата на Република Македонија, Министерството за транспорт и врски, и во координација со Градот Скопје.

„Забрзувањето на работите за реализација на автопатското решение од Косово кон Македонија, како и за изградба на експресниот пат, како стратешки инфраструктурни проекти, е од огромно значење за домашните компании кои веќе работат во зоната Визбегово-Стенковец, како и за оние кои покажуваат голем интерес да изградат стопански објекти во оваа зона, наведуваат од Владата.

На состанокот присуствувале и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за транспорт Горан Сугарески, како и градоначалниците на Град Скопје и на општина Бутел, Петре Шилегов и Велимир Смилевски.

актуелно Визбегово влада ДУП карпош на рм скопје словенија стенковец
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.