Во четири градови во Хрватска од утре до 28 јануари ќе се игра 13. Европско ракометно ракометно првенство на кое ќе учествуваат 16 репрезентации, меѓу нив и Македонија.
Натпреварите ќе се играат во: Загреб (група Ц), Сплит (група А), Пореч (група Б) и Вараждин (група Д). Во втората фаза натпреварите ќе се играат во Загреб и во Вараждин, додека завршницата ќе се игра во „Арена Загреб“. Воедно оваа сала е најголема со капацитет од 15.200 места, „Спаладиум Арена“ во Сплит има капацитет од 10.931 место, „Вараждин Арена“-5.200, додека „Жатика Спорт Центар“ во Пореч собира 3.500 гледачи.
Само три репрезентации имаат учество на сите 13 Европски првенства (Хрватска, Шпанија и Франција), Русија остана на 12 учества откатко не успеа да избори пласман на ова првнство. Инаку, Хрватска е по вторпат домаќин (првпат во 2000 година)
Најуспешна селекција на Европските првенства е Шведска со 4 златни медали, додека Франција има еден помалку, а Данска и Германија имаат по две титули и Русија една. Шпанија и Данска имаат најмногу медали-вкупни 6, а Хрватска 5. Шпанија има четири учества во финалните натпревари и нема победа, додека Шведска има скоро 4 од 4 на финалните натпревари. На последното финале во Краков, Германсија ја совлада Шпанија со 24:17.
Македонија своите натпревари во рамките на првата фаза ќе се игра во Загреб, каде за ривали ќе ги има селекциие на: Словенија (13 јануари), Црна Гора (15 јануари) и европскиот првак Германија (17 јануари).
Ова за македонски ракометари е петто учество на „европскиот самит“. Првото учество беше во 1998 година во Италија, кога беше освоено 12-то место. На последниот шампионат на кој настапи Македонија го постигна мајдобриот резултат и го освои 5.место во Србија 2012 година.







