Црногорскиот премиер Душко Марковиќ денеска ја поздрави Стратегијата на ЕУ за Западен Балкан како „позитивен сигнал“ и изјави дека неговата земја може да биде подготвена за членство во Унијата дури пред 2025 година, датум кој е дефиниран во документот.
„Ова е само рамка за проширување на ЕУ – рече Марковиќ во Подгорица, откако Европската унија ја објави својата стратегија за Западен Балкан.
Црногорскиот премиер истакна дека ова е позитивен и неопходен сигнал кој им покажува на земјите во регионот дека нивната европска иднина е „жива“.
„Јасно е , ние ќе бидеме дел од ЕУ, рече тој.






