Промена на уставното име е една од правните обврски за да се постигне договор, вели портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчката тв Алфа.
Прашан за натписите во медиумите за евентуален грчки план „Б“ за потпишување договор со меѓународните организации, без да мине низ парламентите на двете земји, Ѕанакопулос вели дека „Не постои никакво меѓународно прашање што може да се реши без меѓународен договор“, што содржи конкретни обврски за двете страни.
Во однос на тоа дали Атина бара промена Уставот само поради името или, пак, смета дека треба да се направат измени и на одредени членови, Ѕанакопулос објаснува дека постојат различни правни толкувања и тоа е дискусија што се води на политичко и правно ниво.
ИЗВОР:ТВ24







