Владата предводена од СДСМ донесе одлука за вработување на неопределно време на голем дел од наставниците и професорите во основното образование, со што се реазлизира уште една мерка преку која се унапредува образованиот систем, велат од сдсм во соопштение за јавност.
Со одлуката на Владата предводена од СДСМ Министерството за образование и наука треба да побара согласност од Министерство за финансии за вработување на лица на неопределено работно време во основното и средното образование, за работни места за коишто може да се оствари полно работно време.
Преку реализацијата на оваа одлука ќе се обезбеди сигурност и стабилност на лицата вработени во средно и основно образование, што ќе придонесе за унапредување на квалитетот на наставата и целокупниот образовен систем.
Владата предводена од СДСМ продолжува со посветено спроведување на мерки што го унапредуваат образовниот систем и ги подобруваат условите за работа на наставниците и професорите, велат од партијата.







