Српскиот стратег Синиша Михајловиќ е нов тренер на лисабонскиот Спортинг. Како што пренесеува „Рекорд“, некогашниот селектор на Србија ги договорил сите детали од договорот со португалскиот гигант и во недела навечер ќе го потпише истиот.
Поранешниот тренер на Милан и Торино, според наводите на локалните медиуми, треба да го стави потписот на тригодишниот договор вреден два милиона евра по сезона.
Михајловиќ во Лисабон пристигнува со цел да го изгаси пожарот кој изби кон крајот на минатата сезона, кога навивачите на клубот незадоволни од резултатите, влетаа во тенинг кампот, ги нападнаа фудбалерите и ги демолираа соблекувалните. Епилогот од тој инцидент беше барањето за раскинување на договорот на седумина играчи, па поради тоа пред српскиот стратег е многу бурно лето што се однесува на формирање на екипата за претстојната сезона.







