На покана на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, утре во посета на Скопје доаѓа Јоргос Каминис, градоначалникот на Атина.
Каминис ќе присуствува на дел од настаните што се организираат во рамки на одбележувањето на 55–годишнината од скопскиот земјотрес, јави дописничката на МИА од Атина.
„Градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис, утре, петок 22 јуни, ќе биде во Скопје, по покана на градоначалникот Петре Шилегов, за да присуствува на одбележувањето на 55-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година и одлучувачкиот придонес и на грчки научници и експерти во повторната изградба на градот“, соопштија од кабинетот на Каминис.







