Иако медот од секогаш важел за здрава храна, многу нутриционисти го сврстуваат во групата на намирници кои треба да се одбегнуваат за време на диетата. Шкотскиот нутриционист Мајк Мекинес има поинакво мислење, па вели дека диетата треба да се заснова токму на таа намирница.
Феноменот којшто се нарекува „гладен мозок“ е одговорен за неуспехот на многу диети, а можно е да се спречи само со една лажица мед.
Телото го метаболизира медот на поинаков начин отколку вештачкиот шеќер, објаснува Мекинес. Бидејќи не предизвикува нагли скокови и падови на инсулинот, кои се главни виновници за нападите на глад и неконтролираната желба за слатки работи, особено е корисен во текот на посебни режими на исхрана.







