Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска објави список на 11 тренери кои влегоа во најтесниот круг во изборот за најдобар во изминатата година, сметајќи на остварените резултати во периодот од 3 јули 2017 до 15 јули 2018 година.
На споменатата листа се најоѓаат:
* Масимилијано Алегри (со Јувентус освои двојна круна – Серија А и Купот на Италија)
* Станислав Черчешов (ја одведе репрезентацијата на Русија во четвртфиналето на Мундијалот)
* Златко Далиќ (ја предводеше репрезентацијата на Хрватска на патот до финалето на Светското првенство, најголем успех на таа земја)
* Дидие Дешамп (селектор на Франција, која стана шампион на светот на Мундијалот во Русија)
* Пеп Гвардиола (со Манчестер сити ја освои Премиер лига)
* Јирген Клоп (го одведе Ливерпул во финалето на Лигас на шампиони)
* Роберто Мартинез (со репрезентацијата на Белгија ја освои бронзата на Светското првенство, најголем успех на таа земја)
* Диего Симеоне (со Атлетико од Мадрид ја освои Лига Европа)
* Герет Саутгејт (беше селектор на репрезентацијата на Англија која се пласираше во полуфиналето на Мундијалот)
* Ернесто Валверде (ја предводеше Барселона до нова титула во Примера и освојување на Купот на кралот)
* Зинедин Зидан (со Реал Мадрид ја освои Лига на шампиони)







