Вработените во Министерството за одбрана и генерал штабот на армијата со свечено постројување на платото пред зградата на министерството го одбележаа Денот на АРМ -18. август.
Согласно правилото за воен протокол свеченото постројување се одржува еден ден пред централната прослава на Денот на АРМ. Пред споменикот на загинатте припадници на АРМ беше положено свежо цвеќе и беа соопштени имињата на унапредените припадниците на армијата.
На свеченото постројување присуствуваа министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски.







