Фудбалерот на Рома, Един Џеко најверојатно нема да биде во составот на екипата за вечерашниот натпревар против Реал Мадрид во Лигата на шампиони.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, напаѓачот од Босна и Херцеговина задобил повреда на бутниот мускул на вчерашниот тренинг. Италијанскиот „Скај“ наведува дека во нападот наместо Џеко ќе игра Патрик Шик.
Чешкиот интернационалец не се снајде најдобро од доаѓањето во Рома, но и немаше многу прилики да игра на својата омилена позиција.
Натпреварот од петтото коло од Лигата на шампиони меѓу Рома и Реал Мадрид се игра вечерва од 21 часот.







