Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев се сретна со Могерини пред состанокот на лидерите од Западен Балкан
Македонија

Заев се сретна со Могерини пред состанокот на лидерите од Западен Балкан

декември 19, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, при работната посета на Брисел денеска имаше и билатерална средба со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, а потоа учествуваше и на работниот ручек што го организираше високата претставничка Могерини со лидерите на државите од Западен Балкан.

На средбата на премиерот Заев со претставничката на ЕУ, Могерини,  констатирано е дека Македонија се врати на правиот пат кон ЕУ и направи многу исчекори напред во евро интеграцискиот процес.

Поздравени се храбрите и инклузивни, лидерски политики на премиерот Заев и на Владата, за успешно затворање на прашањата со соседите, реформскиот процес преку зацртаниот План 18, како и донесувањето на Законот за амнестија, што треба да го помогне процесот на помирување и да го обезбеди владеењето на правото.

На средбата е потенцирана и важноста од успешно заокружување на процесот во Парламентот на гласање на уставните амандмани и за реализација на Договорот од Преспа, како и важноста  од имплементација на клучните реформи, посебно во правосудството, со цел отпочнување на преговорите со ЕУ во јуни 2019 година.

„За нас како Република Македонија, 2018 година беше во знакот на решавање на крупните прашања со соседите, суштински реформи во клучните области и целосно одблокирање на нашиот пат кон НАТО и ЕУ. Република Македонија искористи максимум од можностите за надоместување на изгубеното време, а Владата направи сè во нејзина моќ за да ги возобнови стабилноста, кредибилитетот и просперитетот на нашата држава. Мотивирани сме од вашата поддршка, како и досега и тоа е наш поттик, да истраеме во процесот на реализација на Договорот од Преспа и за уште посилна посветеност на имплементација на суштинските реформи, рече премиерот Заев на средбата.

Премиерот Заев ѝ се заблагодари и на европската претставничка Могерини, како и на претседателот на Европскиот Совет, Туск, за поддршката што ја доби Македонија во 2018 година, за Стратегијата на Европската комисија за Западен Балкан со којашто е дадена јасна перспектива за членство во ЕУ, за Самитот во Софија на тема ЕУ и Западен Балкан и за заклучоците на Европскиот совет во јуни 2018 година, со коишто се отвора патот за почеток на преговорите за членство во јуни 2019 година.

Премиерот Заев изрази надеж и желба таа поддршка да продолжи и во 2019 година, кога уште повеќе ќе ѝ биде потребна на Македонија.

„Знаеме дека 2019 година нема да е лесна ниту за ЕУ, имајќи ја предвид состојбата со Брегзитот и европските избори во мај 2019 година, но остануваме посветени на партнерството на ЕУ и како Република Македонија и во рамки на активностите на земјите членки од Западен Балкан, рече премиерот Заев на работниот ручек.

На регионалната средба на лидерите од Западен Балкан, се разговараше за актуелните политички случувања во регионот, за успесите и предизвиците во 2018 година, како и за очекувањата во претстојна 2019 година. Споделени се ставови за регионалната соработка, посебно за нејзино интензивирање на економски план. Заеднички е ставот дека стабилен и економски развиен регион интегриран во ЕУ е интерес и на Балканот и на Европската Унија.

актуелно Брисел ЕУ Заев Могерини посета
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.